ДОБРЕДОЈДОВТЕ
Дали сте заморни од секојдневната селекција на пива по супермаркетите? Сакате да влезете во светот на пивото, индивидуално, групно и да го запознаете подобро. Врвното пиво е пијалок кој сам по себе не заостанува многу зад високо ценетите светски класи на вина.
Специјализираната продавница за пиво во Македонија „Пивотеката“ и не е само обична мала продавница. Тука секој ќе си го најде своето омилено пиво, и пива кои се многу познати во светот меѓу експертите, научниците, потрошувачите, и љубители на одлични пива. Континуирано ви го нудиме најдобриот избор на пива со најразлични вкусови и стилови, за совршени и идеални гурмански задоволства. Секогаш на прво место ни се специјалните белгиски и високо ценети манастирски или трапист пива, разните вкусови на овошни и пива со високи проценти на алкохол. Ве покануваме да ја посетите нашата продавница и да влезете во светот на пивото.
Всушност, и нашето мото од самиот почеток беше и сеуште е
ЖИВОТОТ Е ПОЛН СО ТЕШКИ ОДЛУКИ.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ