ЈАПОНСКИ ПИВА ЗА БЕБИЊА
Компанијата Сангрија од Јапонија е во фаза на производство на пиво за деца. Производот кој се нарекува 'Kodomo no nomimono' е достапен во лименки, шишиња и популарните six packs.Изгледа како да е пиво, на вкус е како сок од јаболка, пенливо во чашата, во вистинска смисла. Исто така овој производ се продава и по ресторани. Јапонската култура на пиење е до тој степен развиена што стигнува дури и по домовите на секоја семејна прослава.
РУСКАТА ДУМА ГО ЗАБРАНИ ПИЕЊЕТО ПИВО НА ЈАВНИ МЕСТА
Руската Дума деновиве го рагледува законот за забрана на пиење пиво на јавни места. Предложениот закон помина со 377 гласа од првото читање, Законот се однесува на пиење на пиво на улици, паркови и јавни плоштади како за адолесцентите така и за малолетните.
Лиценцирани се само рестораните и кафе баровите кои служат алкохол на отворени места.
Пиењето водка или други сили алкохолни пијалоци на јавни места е исто така забрането.
ХОБИ – СОБИРАЊЕ НА ПРАЗНИ КОНЗЕРВИ ПИВО

Џеф Лебо почнал на собира конзерви од пиво на возраст од 14 години и со тек на време тој успеал да собере повеќе од 50 илјади конзерви, од различни делови на светот.
Овие конзерви долго време стоеле во неговиот подрум, по плакарите, на таванот...
Неговата збирка денес е на листата на најголемите колекции од конзерви пиво на светот, конкретно на тоа скалило, Лебо го зазема второто место.
Бидејќи вака големата и внимателно надградувана збирка заслужувала и посоодветно сместување, Џеф, заедно со неговиот татко во 1998 година изградиле куќа која е претворена во еден вид галерија.
Сите простории во куќата се опремени со полици кои се протегаат од подот до таваницата. Преградите на секоја полица со височината совршено одговараат на височината на конзервите што на неа се изложени, а колекцијата е поделена географски, односно секоја земја добила своја просторија или барем полица во одредена просторија.
Така, на пример, приземјето е опремено со конзерви од САД и Канада, а на горниот кат се изложени конзервите од разни локации – во најголем број се од Велика Британија, но има и таканаречена германска, скандинавска и пацифичка соба, во кои можат да се видат конзерви од Германија, Финска, Шведска, Данска, Норвешка, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Фиџи и Тахити. /макфакс/
повеќе
ЈА ТУЖЕЛ ПИВАРНИЦАТА ПОРАДИ АЛКОХОЛИЗМОТ
Познатата бразилска пиварница Амбев ќе мора на својот дегустатор да му исплати отштета од 36 илјади евра, затоа што поради природата на својата работа станал хроничен алкохоличар.
Пиварницата Амбев, бившиот дегустатор ја тужел затоа што не обезбедила никакви заштитни мерки што би го спречиле да стане алкохоличар.
Имено, тој бил должен секој ден на работа да испие околу 3,5 литри пиво. Во тужбата тој наведува дека во текот на 10-те години, колку што работел во пиварницата, бил принудуван да пие меѓу 16 и 25 чаши пиво. Покрај тоа, секој ден после работата добивал шише пиво да го испие дома.
Неговата приказна била доволно убедлива и судот во Рио Гранде пресудил во негова корист.
Адвокатите на пиварницата тврделе дека неговото барање било неосновано, бидејќи несреќниот Бразилец бил алкохоличар пред да се вработи како дегустатор.
За судијата, меѓутоа, тоа било уште “капка што ја преполнило чашата“, бидејќи законот забранува да се вработуваат луѓе кои се регистрирани како алкохоличари, и пресудил дека пиварницата мора да плати 36 илјади евра.
Судијата во пресудата истакнал дека состојбата на бившиот дегустатор е влошена, бидејќи сега кога веќе не работи, мора да пие околу 3,5 литри пиво дневно, поради што му е неопходно лекување. /макфакс/
„СКОПСКО„ СО НОВА ЕТИКЕТА И КАМПАЊА
Пивара - Скопје вчера свечено го промовираше новиот изглед на пивото “Скопско“. На забавата, која се одржа во „Куршумли ан“ во старата скопска Чаршија, каде посетителите ги забавуваше Влатко Стефановски, беа претставени новите симболи на “Скопско“, еден од најсилните брендови во земјава и пошироко.
“Да се создаде и развие идентитет на еден бренд како што е “Скопско“ и тој да израсне до ниво на национален симбол потребно е многу знаење, вештина, креативност, тимска работа и многу, многу љубов“, рече во својот поздравен говор генералниот директор на „Пивара Скопје АД“, Мајкл Економакис, напомнувајќи дека за успехот на “Скопско“ заслужни се „сите оние посветени луѓе кои со децении работеле во оваа компанија“.
„Успешноста на брендот“Скопско“ се рефлектира и на странските пазари каде во континуитет, секоја година, се зголемува пласманот, кој во моментов изнесува околу 20 отсто од вкупното производство на пиво во “Пивара Скопје АД“, потенцираше маркетинг менаџерот на компанијата, Игор Илиевски.
Послужувањето пиво е цел ритуал!
Совет што не треба да се заборави. За да се процени пивото, треба да се послужи раководејќи се според правилник. Чаша декорирана со атрактивен заштитен знак на пиво, е попривлечна за окото и овозможува сите вкусови и ароми, што ги нуди пивото, да бидат вкусени
Во ладилникот
Пред да се послужи пивото, добро би било претходно да биде во ладилникот. Најдобра температура за послужување освежителни пива е помеѓу 2 и 4°С. Постојат и специјални пива кои се послужуваат на температура од 6 до 8°С, а екстремно силните и тешки пива се најдобри на температура од 8 до 12°С. Шишињата може да се чуваат хоризонтално или вертикално. Хоризонтално складирање се препорачува за пива кои што се запечатени со плутени тапи.
Чашата
Пивските чаши треба да бидат перфектно чисти без ниту една маслена дамка. Не ги чувајте пивските чаши во кујна и не ги мијте во машина за садови, затоа што и најмалата, маслена трага на чашата може да влијае на вкусот на пивото. Чистете ги чашите со студена вода и малку детергент и притоа може да користите специјална четка или да ги миете со рака. Плакнете го детергентот со студена вода. Проверете ја чашата. За да го направите тоа, намокрете ја чашата и завртете ја кон силна светлина, а потоа набљудувајте ги капките вода што се движат по ѕидот на чашата. Ако се движат надолу и притоа создаваат суви места, како да ги заобиколуваат, значи дека тоа се масни дамки кои треба да се исчистат. За да ги исушите чашите користете крпи од некој материјал кој не остава влакненца. Во баровите освежителните пива ги служат во влажни, неисушени чаши. Направете го истото дома. Чашата нека биде влажна и студена, така навистина ќе му направите чест на пивото. Но, не на секое пиво, оние појаки и потешки пива, тн. вкусни пива, се послужуваат исклучиво во суви чаши. Значи, за да се послужи пивото на најдобар и најсоодветен начин, потребно е да се знае да се направи дистинкција помеѓу освежителни и пива за дегустација.
НОВОСТИ ОД „ПИВОТЕКАТА“
Почитувани конзументи на течната храна и пријатели на Пивотеката. Сакаме да Ве информираме дека следната недела во нашата продавница ќе може да уживате и во вкусовите на германските и чешки пива, како и некои примероцина американски, кинески, јапонски пива. Затоа никогаш не заборавајте, Пијте умерено но квалитетно.
Наздравје.
НАПОМЕНА
Доколку не сакате да го примате овој маил доволно е само во насловот да впишете unsubscribe и ќе ве избришеме од базата.
|