ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПИВОТО
Пивата се поделени на долно и горно ферментирани пива во зависност од квасецот кој се користи во текот на производството. Во текот на ферментацијата квасецот за горна ферметнација се издигнува на површината додека додека оној за долна ферментација останува на дното. Горно ферментираните пива имаат долга историја од оние со долна ферментација. кои не биле популарни се до средината на 19-тиот век, со запознавањето на процесот на производство на светли пива (Како што се повеќето Македонски пива).
 

Водата е главниот дел од овој напиток, и служи како растворувач. Сладот се добива од житарици, најчесто од јачмен и му дава на пивото состојки на екстракт од кој зависи вкусот и концентрацијата на основниот екстракт на пивото.


     

Пивотека -Beershop -
ул. Иво Лола Рибар зг бр 42 лок. 01
СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
тел/факс
3246214
070 266 626
РАБОТНО ВРЕМЕ
СЕКОЈ ДЕН
ОД 11:00 ДО 19:00
ЧАСОТ
НЕДЕЛА НЕ РАБОТИМЕ
СТИЛОВИ НА ПИВОТО
РЕКОА ЗА ПИВОТО

 

Хмељот го конзервира пивото и му дава пријатен мирис и горчлив вкус, додека пивскиот квасец го предизвикува алкохолното вриење, во кое шекерот преминува во алкохол и јаглерод диоксид. Пивото е потполно природен и биолошки урамнотежен производ, па затоа и се смета за „течна храна“. Енергетската вредност на еден литар стандардно пиво одговара на енергетската вредност на еден литар полномасно млеко.

Во тие времиња пивото се правело од шеќер, но без хмељ, така да добиениот производ бил многу кисел. Тогаш во пивото додавале различни треви - пелин, глог, шафран и др. Примената на хмељот претставува важно откритие, и ја прави основата на современата технологија на пивото. Хмељот првпат почнал да се користи во Русија.

Според старите ископувања и записи археолозите утврдиле дека старите Вавилонци го произведувале пивото во домаќинствата уште 7000 година п.н.е. Имале 16 видови на пиво, а за вриењето користеле јачмен, шеќер и пченица. Од тука производството се пренесува во стариот Египет, Персија, Грција, и други земји. Египќаните знаеле да прават пиво веќе 2000 години п.н.е., а Грците примајќи ја цивилизацијата од нив, ја научиле и вештината на производство на пивото, по нив следуваат Римјаните, па старите Германи и потоа останатите европски земји.

Најважен технички пронајдок представува пронаоѓањето на машината за ладење. Благодарение на најважните научно-технолошки достигнувања во 19-тиот век, се создадени основите за претварање на малите претпријатија во големи фабрики за пиво.

   
САМО НА ЕКСКЛУЗИВНИ
МЕСТА ВО СКОПЈЕ:
Copyright © 2005 Beershop.com.mk. All right reserved