BEERSHOP НА ПИВОЛЕНД

Специјализираната продавница за пиво во Скопје, ќе земе активно учество и поддршка на првиот интернационален гурмански викенд со пиво во Скопје со свои брендови кои ќе може да се дегустираат и купуваат по некои промотивни цени за кои дополнително ќе ве информираме за истите.
Во текот на 4-те дена ќе може да ги дегустирате нашите производи CHIMAY BLUE, CHIMAY RED, CHIMAY TRIPLE, PAUWEL KWAK, DUVEL, LEFFE...


ГУРМАНСКИ ВИКЕНД СО ПИВО - ПИВОЛЕНД

Првиот интернационален фестивал на пивото во Скопје, Пиволенд ќе се одржи на тврдината Кале во втората половина на Септември (18.-21.) . На крајот на летото, токму кога завршува туристичката сезона, во пријатните скопски денови, калето ќе биде полно со пиво, вкусна храна и многу музика.

Каде ќе се одржи?

-Четиридневното ужување во пивото ќе се случи на платото пред скопската тврдина. Со капацитет да прими над 300 000 посетители, овој дел од главниот град е едноставно идеален за самит на пивопии. Прекрасниот поглед на Скопје, мирисот на скара и интернационалниот избор на пиво ќе се потрудиме да станат заштитен знак на Пиволенд.

Кога?

-Од 18. до 21. 09. Штандовите со пиво и храна ќе работат во текот на целиот ден, додека музичката програма започнува во 17 часот, а ќе трае се до раните утрински часови... Зошто Пиволенд? -Замислата за слободна пивска територија полека се реализира. Место каде што ќе Ви бидат на дланка (или во кригла) над 30 вида на пиво. Каде што скарата и пивото се во неограничени количини. Зона во која се слуша одлична музика, се скока, се јаде и пие, се ужива...

Како до Пиволенд?

-Лесно! Бесплатно! Пешки или со автомобил. Препорачуваме да ги паркирате вашите возила бидејќи улицата околу калето ќе биде затворена. Влезница нема, но има закон. На Пиволенд се добредојдени сите, но забрането е точење алкохол на малолетници. Иако нема влезници, влезови ќе има на неколку места. На самата локација ќе има неколку бини на кои што ќе се одржува забавната програма. Ќе бидат поставени шатори во кои без турканици ќе можете да си го земете ладното пиво. Истите ќе бидат искористени при евентуално нарушување на временските услови. Иако прогнозите најавуваат идеални температури, нема да Ве оставиме на цедило...

Кој го организира Пиволенд?

-Здружението за развој на културниот туризам "Пиволенд"- Скопје е организација чиви амбиции се да привлече што е можно повеќе интернационални гости во нашиот главен град. Формирана е од група на професионалци со искуства во организирање на настани од секаков вид. Одлично звучеше идејата да се соберат силите и да се работи на еден ваков настан. Екипата зад која стојат редица манифестации ќе се потруди да Ви обезбеди се што Ви е потребно.Вие треба само да се опуштите и ќе ги имате на дофат сите потреби на еден гурман... Првиот Пиволенд е под покровителство на Градот Скопје.

Кој се ќе учествува на Пиволенд?

-Најважните учесници на овој гурмански спектакл се секако пиво-производителите. На Пиволенд ќе се претстават преку 30 брендови од повеќе континенти. Светло, темно, помалку газирано, благо, лесно, безалкохолно... Секаков вид на пиво кое ќе Ви падне на памет. Тука ќе бидат и врвните македонски угостители кои ќе Ви понудат високо квалитетна кујна од секаков вид. Сите на своите места. Подготвени да ги задоволат и најпребирливите вкусови...

Кој се ќе настапува на пиволенд?

-За анимација на посетителите се задолжени над 200 артисти. Пејачи, групи, диџеи, жонглери, маскоти, актери, акробати... На неколкуте сцени и низ целата локација ќе настапат уметници од секаков жанр, за сечив вкус. Четиридневната програма опфаќа и звучни имиња како хрватските шоу мајстори Лет 3, босанскиот претставник на евровизија Лака, нашите Паркети, култниот Влада Дивљан, разиграните Уикеда и многу, многу други...

На кого да се обратиме за повеќе информации?


ПРОМОВИРАНО НОВОТО „СКОПСКО SILVER MOON"

„Скопско силвер мун“ е новото пиво што скопската пиварница од вчера почна да го дистрибуира во угостителските објекти во земјава. Станува збор за светло пиво со мек вкус, а е произведено по оригинален рецепт. „Скопско силвер мун“ го препознава, респектира и го задоволува вкусот на новата генерација. Тоа е целосна креација на експертите на пиварницата „Скопје“, а е резултат на темелни истражувања на потребите, желбите и очекувањата на домашните консументи, посебно од помладата популација - изјавија во пиварницата.Според Игор Илиевски, маркетинг-менаџер на компанијата, „силвер мун“ е подмладокот на „скопско“. Во пиварницата предвидуваат дека уште во првите месеци „скопско силвер мун“ ќе го пробаат 70 отсто од консументите на пиво во земјава и 90 отсто од младите консументи на возраст меѓу 18 и 30 години. Пивото за почеток ќе се нуди само во дискотеки, кафулиња, ноќни клубови. Проектираната продажба до крајот на годинава изнесува два милиона шишиња.

Michael Jackson, еден од водечките критичари на пивото кој ја започна ренесансата за интересот на пивото уште во далечната 1970 год. од минатиот век, беше пронајден мртов во вторникот во неговиот дом на 65 годишна возраст.

Причината била од срцев напад, како што вели неговата партнерка Paddy Gunningham, и дека додека ја имал Паркинсовата болест, бил целосно посветен на пишувањето, патувањето, и дека планирал да напише и книга од таа област.

Mr Jackson, бил голем вљубеник на белгиските пива, автор е на книгите “The Great Beers of Belgium” и “The World Guide to Beer” .

Тој беше критичар на пивото повеќе од 30 години, пишувал во разни специјализирани списанија, одржувал семинари. Неговите книги за пиво и виски се преведени и издадени на 18 јазици.

beerhunter.com

07.09.2007


GULTEN FREE BEER РЕЦЕНЗИРАНО ВО СПИСАНИЕТО BEER OF THE WORLD
Како пиво од Македонија на Пивара Скопје.
Информирајте се повеќе за овој тип на пиво на следниов линк >>>


VELTINS“ Германското пилснер пиво и спонзор на фудбалскиот клуб Шалке 04 во Скопје.
Уште едно германско пиво ќе го освојува македонскиот пазар. Овој пат на потег е пилснер пивото Veltins кои се спонзори на фудбалскиот клуб Шалке 04. Пивото е од класата на светли лесни пива, мала горчина која ја чувствувате по дегустацијата. Интересно е и тоа што веќе се достапни и на одредени места меѓу кои и во нашата продавница може да ги пробате и останатите категории на Велтинс пивото. Ако сте љубители на ароматизирани пива (кои ги има навистина во огромен број во Пивотеката) овој пат Велтинс ви ги нуди и следниве категории Велтинс со вкус на текила, лимун, кола и велитнс енерџи дринк. И да нема забуна, навистина се работи за пива но овој пат процентот на алкохол е минимизиран до 2,8 %.
Уживајте во дегустацијата и сурфањето
www.veltins.com

Пивотека -Beershop -
ул. Иво Лола Рибар зг бр 42 лок. 01
СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
тел/факс
3246214
070 266 626
РАБОТНО ВРЕМЕ
СЕКОЈ ДЕН
ОД 11:00 ДО 19:00
ЧАСОТ
НЕДЕЛА НЕ РАБОТИМЕ

ФОТО ГАЛЕРИЈА


САМО НА ЕКСКЛУЗИВНИ
МЕСТА ВО СКОПЈЕ:
Copyright © 2005 Beershop.com.mk. All right reserved
PRINTMASTER WORKSHOP RADIO RAVEL